Есента е некако секогаш поврзана со меланхолија, па дури и депресија. Есенските денови се со помалку сонце, ладен ветер, облаци, дожд, порано се стемнува, сето ова влијае на нашето расположение. Еве неколку начини како да го промените ваквото депресивно расположение
Направете си топла домашна атмосфера
Гушнете го вашето омилено топло ќебенце и направете си топол чај. На пример чајот од јаболко и цимет, камилица со манука мед или чај од ѓумбир се вкусови кои не асоцираат на есен. Покрај тоа, може да изгледате некој убав, романтичен филм или да прочитате некоја добра книга. За да биде атмосферата уште посовршена, запалете миризлива свеќичка – со мирис на портокал, цимет или ванила.
Спа ден во вашиот дом
Определете си еден ден во неделата кој што ќе си го посветите на себе. Размазете го вашето тело со пилинг и разни креми. Пробајте некоја нова маска за лице и секако опуштете се со една миризлива пенлива купка. Пуштете ја вашата омилена музика, средете си ги ноктите, косата, и заборавете на сите грижи. Звучи совршено, нели?
Пешачете секој ден
Ако сте човек од акција и не ви пречи ладното време, прошетајте во најблискиот парк. Паднатите листови во сите нијанси на жолта боја , нивното шушкање под вашите нозе… зар не ви звучи релаксирачки?
Најново од нашиот блог
Производи
-
Green tea Кофеински шампон 420 ден
-
Крем со невен 230 ден – 330 ден
-
Second Brain
-
Антицелулит гел Fresh 610 ден
-
Retinol 0.2% in Squalane 735 ден