Оваа изјава на приватност се однесува на приватност на податоците кои што се наоѓаат на интернет страницата www.herbalplus.mk, кои што се собрани при користење на таа страница и зачувани во базата на податоци на Друштво за трговија и услуги ХЕРБАЛ ПЛУС ДООЕЛ Скопје.
ДТУ ХЕРБАЛ ПЛУС ДООЕЛ Скопје како давател на услугите на интернет страницата www.herbalplus.mk се придржува до законските прописи со цел да се заштити приватноста на корисниците. Се советуваат крајните корисници да прочитаат се што е наведено на оваа страница за полесно да разберат кои информации ги собира ДТУ ХЕРБАЛ ПЛУС ДООЕЛ Скопје и како истите ги користи.
Крајните корисници кои што имаат било какви прашања во врска со Податоци за приватност можат да испратат e-mail на следната адреса: herbalplus2017@gmail.com.
Крајните корисници се советуваат внимателно да ја прочитаат оваа изјава на приватност. Со пристапување и користење на нашата интернет страница, крајниот корисник потврдува дека ги прочитал, разбрал и ги прифатил сите Податоци за приватност и начинот на примена од страна на herbalplus.mk интернет страницата. Доколку крајниот корисник не се сложува со овие Податоци за приватност, го упатуваме крајниот корисник да ја напушти, односно да не пристапува и да не ја користи интернет страната herbalplus.mk.
ДТУ ХЕРБАЛ ПЛУС ДООЕЛ Скопје може да ги промени Податоци за приватност во било кое време со објавување на изменетиот текст во делот “Податоци за приватност „ на интернет страната. Измената стапува на сила веднаш по објавата на интернет страницата herbalplus.mk.
Секој Краен корисник самиот е одговорен и должен периодично да ја посетува оваа страница и да ги согледа промените во Податоци за приватност. Продолжување на користењето на оваа интернет страница од страна на крајниот корисник по стапување на сила на измените, подразбира дека крајниот корисник ги потврдува и ги прифаќа сите услови на изменетата во Податоци за приватност.
ДТУ ХЕРБАЛ ПЛУС ДООЕЛ Скопје собира информации кои што го идентификуваат специфичиот краен корисник. Кога крајниот корисник ќе се вклучи во одредени активности на herbalplus.mk интернет страната, како што се создавање на корисничко име, правење на нарачка за производ или услуга, пополнување на анкети, објавување на коментари, испраќање на повратни информации, ДТУ ХЕРБАЛ ПЛУС ДООЕЛ Скопје може да побара од крајниот корисник одредени информации за него како што се име и презиме, адреса (вклучувајќи и поштенски број), е-пошта, телефонски број и датум на раѓање, информации за бројот на кредитната картичка, рокот на истекување, код за авторизација и други поврзани информации. ДТУ ХЕРБАЛ ПЛУС ДООЕЛ Скопје или нивниот давател на услуги за диструбуција на производите, исто така може да побара од крајниот корисник увид во неговата лична карта во моментот на испорака на пакетите при превземање на робата.
Вклучување во идентификациски активности и давање на лични податоци е одлука на крајниот корисник. Ако крајниот корисник не ги даде тие задолжителни информации за одредената активност која што ги бара, нема да му биде допуштено вклучување во таква активност.
– ДТУ ХЕРБАЛ ПЛУС ДООЕЛ Скопје нема да ги споделува личните податоци на Крајниот корисник со надоверливи страни освен во случаи наведени во следната точка и во ситуација кога тоа го бараат законските прописи.
– ДТУ ХЕРБАЛ ПЛУС ДООЕЛ Скопје ќе ги користи личните податоци за испраќање и диструбиција на административни и промотивни пораки на е-пошта, анализа на податоците, обработка на плаќањата со кредитни картички.
– ДТУ ХЕРБАЛ ПЛУС ДООЕЛ Скопје може да ги сподели личните податоци на крајниот корисник со давателот на услугата за дистрибуција на производите за исполнување на испорака на пакетот.
– Крајниот корисник има можност да пристапи и да ги промени личните податоци кои што ги користи ДТУ ХЕРБАЛ ПЛУС ДООЕЛ Скопје .
– Крајниот корисник може да промени било кој од своите лични податоци за испраќање како име и презиме, адреса и е-пошта т.е информациите кои што сака да ги надополни.
Како услов за купување на производите, ДТУ ХЕРБАЛ ПЛУС ДООЕЛ Скопје бара дозвола од крајниот корисник за испраќање на Административни и Промотивни пораки на е-пошта. Доколку крајниот корисник не сака да добива пораки на е-пошта во било кое време по регистрацијата може да ја одбере опцијата за откажување за добивање на пораки на е-пошта.
ДТУ ХЕРБАЛ ПЛУС ДООЕЛ Скопје сериозно ги зема во предвид заштитата на податоците и превземени се различни мерки на претпазливост за да се заштитат личните податоци. За жал, ниту еден пренос на податоците преку Интернет или било која бежична мрежа не може да биде 100% сигурен. Како последица од тоа, иако ДТУ ХЕРБАЛ ПЛУС ДООЕЛ Скопје спроведува комерцијално разумни мерки за заштита на податоците не може да гарантира заштита на било која информација пренесена на, или од herbalplus.mk интернет страната т.е не е одговорен за активностите на било која трета страна која ќе ги прими тие информации
Малолетните лица помлади од 18 години не смеат да ја користат интернет страната herbalplus.mk. ДТУ ХЕРБАЛ ПЛУС ДООЕЛ Скопје не собира или задржува информации од било кој што е помлад од 18 години, затоа ниту еден дел од оваа Интернет страница не е дизајниран на начин да привлече лица кои се помлади од 18 години.