Сите се грижиме за косата без разлика дали е густа, ретка, виткана , права, кршлива, фарбана или природна. Сите размислуваме за неа, секојдневно. Девојките што одат два-три пати неделно на фризер за фенирање или за фарбање, момчињата што почнуваат да ја губат полека косата во раните дваесети години, мајките кои тукушто породени на кои што им паѓа, жените што се борат со хормоните во периодот на менопауза, па дури и оние мажи кои не водат сметка за тоа како се облечени… Сите се грижиме за нашата коса.

Неколку факти што треба да ги знаеме во кратки црти е дека: Косата е еден вид протеин (кератин), ја штити кожата на главата од топло и ладно. Симбол е на нашето здравје и возраст. Најдобар начин да биде здрава е да ја негуваме. Несомнено е ако прочепкате на интернет, дека ќе најдете разно-разни рецепти за домашни маски за здрава коса. Но кој од нас има доволно време да бере трефки и да прави домашни маски. Домашните маски може да помогната но воопшто не се практични. Треба да направите една маска против перут, па една против опаѓање на косата, па една за сува коса, па уште една за јакнење на коренот, звучи доста напорно мора да признаете.

Но да резимираме,  оние состојќи што и се потребно на косата за да биде здрава се:

  • Некој протеин кој може да навлезе во влакното на пример фитокератин, кој се добува од најдобрите состојки кои се наоѓаат во сојата, пченката и пченицата.
  • Хијалуронска киселина која и дава полност, мекост и сјај на косата, а ја има во пилешката кожа и коски од кои вариме супа;
  • Екстракт од зелен чај, бидејќи ова растение во себе содржи антиоксиданси кои го намалуваат опаѓањето на косата и пантенол кој  стимулира раст на нова коса.
  • Кофеин – ја стимулира кожата на главата и ги зајакнува фоликулите на косата. Исто така, го продолжува животниот век на косата. Значи ни треба кафе;
  •  Витамин Б3 од јајца, говедско или печурки кои придонесуваат повеќе хранливи материи во фоликулите на косата;
  •  Пироктон оламин кој наместо на цинкот помага во лекување на бактериски и габични инфекции кои предизвикуваат првут. Исто така ја намалува секрецијата на вишокот на себум, го намалува чешањето и истенувањето на косата што ја предизвикува вишокот себум.

Значи ако правиме домашна маска за здрава коса, се ова наведено погоре, треба да го измешаме и ставиме да одстои 30 мин на главата.

Или може да одбереме побрз и полесен начин, на пример шампони од билки кои ги содржат сите овие состојки. Krauterhof Шамоните со кофеин, шампони кои се направени по традиционален германски рецепт со освежителен мирис, нежни и со пристапна цена и што е најважно делуваат.

Првитот го снемува после 1 до 2 миења, косата станува сјајна, мека и мазна. Лесно се расчешлува а и корисни се за кожата на главата бидејки се прилагодени на нејзината pH вредност.

Одберете еден од двата кофеински шампони:

– Кофеински шампон 250 мл – освен кофеинот, содржи фитокератин , хијалуронска киселина и екстракт зелен чај
– Кофеински шампон double effect 250 мл – против перут и наследно губење на косата, содржи кофеин, Б3 витамин и пантенол.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fill out this field
Fill out this field
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.
You need to agree with the terms to proceed