Кога сме настинати многу често посегнуваме по некоја храна или напиток, кои мислиме дека ќе ни помогнат побрзо да се избориме со настинката. Но исто така често знаеме да згрешиме околу изборот на правите намирници. Еве неколку состојки што треба да се избегнуваат кога сте настинати.

  1. Шеќерот

Сигурно повеќето од нас кога сме настинати посегнуваме по овошни сокови кои се полни со шеќер. Домашните цедени сокови се полни со витамини и тие може значително да му помогнат на организмот во борбата со настинката но не и купечките сокови кои се преполни со шеќер.

  1. Заситени масни киселини

Пржената храна е полна со заситени масни киселини. Таа не е здрава храна да се козумира ни кога сме здрави, па замислете колку е штетна кога организмот ни е ослабен. Заситените масни киселини го успоруваат  дигестивниот систем, при што доплолнително го успорува метаболизмот и го продолжува периодот на опоравување.

  1. Кафе

Кога сме настинати треба повеќе да внесуваме течности. Кофеинот што го содржи кафето делува како диуретик, што може да доведе до дехидрација, и дополнитено да го ослабне организмот.

  1. Киселина

Киселината ја иритира слузницата која и така е веќе изиритирана од самата настинка, што може дополнително да ги зголеми симптомите на настиката. Избегнувајте го киселиот зеленчук и цитрусното овошје. Иако цитрусното овошје е полно со витамини, не го конзумирајте во целосна форма, туку како исцеден сок додаден во топол напиток или чај со мед.

  1. Алкохол

Алкохолот,исто како и кофеинот, може да шредизвика дехидрација, а мешањето на алкохол со некои лекови, може да го намали дејството на лековите. Ако истражувањата потвдуваат дека чаша вино за време на оброкот го подобрува имунитетот, тоа не е така и кога сте настинати, заменете ја чашата вино со свежо исцеден сок или чај. 

  1. Протеини и млечни производи

Иако млечните производи се сметаат за важни намирници во зајакнување на имунитетот, тие содржат протеини кои го зголемуваат лачењето на природната слуз, што може дополнително да ја зголеми затнатоста и кашлањето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fill out this field
Fill out this field
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.
You need to agree with the terms to proceed