Сите знаеме дека зелка е многу добра за нашето здравје. Сепак, зелката, за жал, знае да предизвика многу проблеми со дигестивниот систем и затоа ја избегнуваме. Идеално решение во вакви случаи може да биде сокот од зелка. На телото му е многу полесно да се го свари сокот, па затоа е погоден за оние со проблеми со варењето на храната.
Зелката содржи мноштво на важни хранливи материи за организмот, вклучувајќи витамини од групата Б и витамин Ц и К.
Зајакнување на имунолошкиот систем
Зелка содржи висок процент на витамин Ц, така што сокот е идеален за зајакнување на имунолошкиот систем. Со овој сок, можете добро да се подготвите за постудени денови што се пред нас.
Ублажување на воспаление во телото
Во зелката постојат и голем број антиоксиданти и други супстанции кои го инхибираат воспалението во телото. Особено добар избор е сокот од црвена зелка во кој се наоѓа антоцијан, кој се смета за исклучително моќен антиоксиданс. Ефикасноста за на сокот подготвен од црвена зелка, во намалување на воспаление во телото е потврдено и во повеќе научни студии.
Намалување на ризикот од рак
Дали знаевте дека зелката содржи и многу супстанции кои го намалуваат потенцијалот за развивање на разни форми на рак, особено рак на желудник? Овие супстанции вклучуваат, меѓу другото, лупеол, синигрин и сулфорафан. Покрај инхибирањето на развојот на ракот, овие супстанции, особено сулфорафанот, може дури да го забават растот на клетките на ракот кај пациентите болни од оваа опасна болест.
Заштита на нервниот систем
Зелка, главно, црвена, содржи многу витамин К. Тоа е витамин кој има многу важни функции, меѓу кои секако заштита на нервите од оштетување. Јадењето храна богата со витамин К е исклучително важно за нормалното функционирање на нервниот систем.
Најново од нашиот блог
Производи
- Kräuterhof Sensitive шампон 570 ден
- BellaVie GLUCO 900 ден
- Second Brain
- Коњски балзам 210 ден – 290 ден
- Антицелулит серум 550 ден