Да го препознаете проблемот со глутенот не е едноставно, но неодамнешните студии во кои што учествувале луѓе кои имале проблем со органите за варење, покажуваат дека една од 30 возрасни особи и едно од 40 деца, патат од алергија на глутен.

Симптомите не се специфични па тоа дополнително го отежнува поставувањето на дијагноза. Широкиот спектар на симптоми се движи од асимптоматиски облик (без симптоми) до тешки случаеви на малапсорпцијата односно нарушување на дигестијата (варењето) на храната и на апсорпцијата на хранливите материи од цревната слузница.

Еве неколку сиптоми кои не треба да се занемарат

-Гастроинтестинални симптоми: надуеност, метеоризам, болки во стомакот и грчеви, запек или дијареа, кои може да се појават поединечно или како комбинација на симптоми кога се зборува за синдром на нервозно дебело црево.

– Честа главоболка или мигрена

– Болки во мускулите

– Вртоглавици, нестабилност, слабост, трнење на екстремитетите

– Хроничен умор и недостаток на енергија без посебна причина

– Емоционална нестабилност, хронична анксиозност(нервоза), нагли и чести промени на расположението

– Анемија

– Губење на телесната тежина или пак нагло дебелеење

– Кожните промени, најчесто на главата, лактовите, колената

– Кај децата слабо напредување, недостаток на концетрација, нарушено внимание, нервоза, проблеми со недостаток на витамини…

Сите овие симптоми ако се појавуваат и траат подолг период, не терба да се игнорираат. Ако постои сомневање, треба да се промени начинот на исхрана. Да се одберат внимателно и да се конзумираат намирници без глутен најмалку два месеци, па ако е во прашање интолеранција на глутен, ќе се намалат симптомите или потполно ќе исчезнат. После шест месеци, постепено може да се воведуваат во исхраната и проблематичните намирници.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fill out this field
Fill out this field
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.
You need to agree with the terms to proceed