
Антиоксидантите се смета дека го продолжуваат животот и го успоруваат процесот на стареење. Печурките се најдобар извор на антиоксиданти, најмногу ги содржат ерготионеин и глутатион, а најбогата печурка со овие супстанции е Вргањот. Во шампињоните има помалку антиоксиданти отколку во вргањот но сепак многу повеќе отколку во друга храна. Кај нациите кои почесто ги имаат печурките во својата кујна (на пример Франција и Италија) истражувањата покажуваат дека има помалку неуродегенеративни болести.
Од друга страна пак во земјите како што се Соединетите Американски Држави, во кои луѓето со исхраната внесуваат помалку ерготионеин, постои повисок процент на заболени од болести како Паркинсонова и Алцхајмерова болест.
Исто така некои претходни истражувања укажуваат дека, освен што го намалуваат ризикот од неуродегенеративни болести, ерготионеин и глутатион позитивно делуваат на здравјето на црниот дроб, бубрезите и кардиоваскуларниот систем.
Затоа, ако сакате да бидете здрави и млади, внесете почесто печурки во вашата исхраната.
Најново од нашиот блог
Производи
-
Гел од Гавез
230 ден – 300 ден
-
Крем со невен
230 ден – 330 ден
-
Крема за Вени
350 ден
-
Вазелин со невен
240 ден
-
Шампон со масло од рузмарин
350 ден
Производи









