Проблемот со акни е присутен во нашиот живот, ако не е тоа постојан проблем, тогаш сигурно во еден период од животот сите сме го имале. За оние кои мака мачат со акните еве неколку совети како да му помогнете на вашето лице а при тоа да не користите јаки хемиски препарати. Потребно ви е само мед, органски зелен чај, гел екстракт од слуз од полжав и секако трпение.
Потребно е да пиете зелен чај секое утро со лажичка мед, тој ќе го поттикне вашето тело да се прочисти, ќе влијае на вашиот метаболизам, ќе ги собере мастите од вашето тело и ќе ја смири кожата на лицето.
Ќесичката чај може да ја користите и како маска за лице. Измешајте го остатокот од веќе искористената ќесичка зелен чај со малку мед и нанесете ја оваа мешавина на лицето. Оваа природна маска може да ја нанесувате секоја вечер и да ја миете со млака вода. Кожата ќе ви биде благодарна што сте ја нахраниле и препородиле. Исто така ќесичката зелен чај може да се користи како облога за подочниците. Ќе ви помогнат лицето да ви изгледа одморено и полно со енергија.
Зелениот чај е богат со антиоксиданти кои помагаат за разубавување на кожата и ја прочистуваат од слободните радикали. Медот од друга страна го намалува црвенилото ја храни кожата и ги уништува бактериите кои предизвикуваат акни.
После ваков третман нанесете гел екстракт од слуз од полжав и оставете те ја кожата да одмори. Гелот екстракт од слузот од полжав содржи комплекс на состојки кои стимулираат регенерација на кожата.
Ја зголемува еластичноста на кожата, го подобрува тенот, ја хидрира кожата и доведува до визуелни подобрувања на лузните.
Со оглед на тоа дека за овие третмани би користеле само природни препарати мора да бидете трпеливи бидејки процесот е долготраен, но е многу ефикасен.
Најново од нашиот блог
Производи
-
100% Organic Cold-Pressed Rose Hip Seed Oil 892 ден
-
AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution 821 ден
-
Ascorbyl Glucoside Solution 12% 1.297 ден
-
Niacinamide 10% + Zinc 1% 484 ден
-
Caffeine Solution 5% + EGCG 756 ден