Чајот од камилица традиционално се користи за ублажување на разни тегоби, а позитивното дејство на овој чај е потврдено во бројни научни истражувања.
Еве неколку причини зошто треба да пиете чај од камилица
Едно истражување покажа дека пиење чај од камилица во текот на еден месец значително ги намалува тегобите во текот на месечниот циклус.
Овој чај го намалува запалението во организмот па на тој начин може да помогне во превенција против гастоинтестиналните проблеми, хемороидите, како и кај автоимуните болести.
Чајот од камилица ја ублажува анксиозноста и помага за намалување на несоницата.
Инхалации со чај од камилица ги ублажува сиптомите на настинка.
Камилицата исто така има влијание на здравјето на кожата. Мелем направен со екстракт од камилица помага при зараснување на раните, кај проблематична кожа со егзема и кај благи воспалителни процеси.
Оваа веб страна користи колачиња
За да обезбеди најдобро искуство, оваа веб страна користи колачиња. Повеќе за колачиња (cookies) запознајте се на Податоци за приватност и заштита