Новата година ни носи секогаш позитивна мисла дека во секој поглед ќе биде подобра од претходната. За да биде тоа така треба и да направиме промени на старите навики. Ние ви препoрачуваме на листата на помени, што сакате да ги направите во Новата година, да ги додадете и следниве неколку чекори за подобро здравје
– Во Новата година бидете активни – вежбањето не е само важно за физичкото здравје, туку тоа е важен фактор за подобро ментално здравје. Само еден саат вежбање неделно делува мошне позитивно на располoжението, ја подобрува концентрацијата и ќе ви помогне да се справите со уморот.
– Јадете овошје и зеленчук – едноставно додадете неколку врсти на овошје и зеленчук повеќе во исхраната одколку вообичаено. Едно стручно истражување покажува дека уште во првите две недели оваа промена позитивно влиjае на расположението и нивото на енергија.
– Потрудете се секоја вечер да отспиете барем 7 часа – сонот е од клучна важност за обновување на мозокот и телото, ја подобрува концентрацијата и расположението.
– Практикувајте ја благодарноста – фокусирајте се на позитивните работи во животот, и на крајот од денот запишете три работи за кои сте благодарни. Оваа навика позитивно влијае на односот со самите себе но и со другите луѓе, ја подобрува самодовербата и квалитетот на сонот.
– Поминувајте повеќе време во природа – неколку истражување на оваа тема покажуваат дека присуството на зеленилото во околината го намалуваат ризикот од анксиозност, депресија и стрес. Потрудете се во Новата година, доколку не сте го правеле истото во старата, почесто да ги посетувате во парковите или шумите.
Најново од нашиот блог
Производи
-
Kräuterhof универзална крема со пантенол 320 ден
-
Niacinamide 10% + Zinc 1% 484 ден
-
Крем со невен 230 ден – 330 ден
-
Green tea Кофеински шампон 420 ден
-
Natural Moisturizing Factors + HA 30ml 572 ден