Појадокот е најважниот оброк во денот и неговото прескокнување може да има последици по здравјето. Бројни истражувања покажуваат дека луѓето кои не појадуваат, имаат поголем ризик да заболат од кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2 и имаат повеќе склоност кон дебелеење.
За да го започнете денот здраво и да бидете полни со енергија во текот на остатокот од денот, би било добро да вклучите некоја од следниве намирници за време на појадокот:

Цеден лимун во млака вода – Чаша млака вода со половина исцеден лимун половина час пред појадокот го активира метаболизмот и ги исфрла штетните материи од организмот.

Јајца – високиот процент на протеини кои ги содржат јајцата го стабилизира нивото на шеќер во крвта и ја намалува потребата за грицки во текот на денот.

Леб од интегрално брашно – богат е со Б-комплекс витамини и влакна, кои се важни за нашиот дигестивен тракт, помагаат во превенција од кардиоваскуларни болести, и го поттикнуваат губењето на тежина со тоа што го држат апетитот под контрола.

Јогурт – јогуртот исто така е добар извор на протеини, витамини од Б-групата и калциум. Одбирајте секогаш од оние врсти што содржат пробиотик.

Овесна каша – овесните снегулки, исто како и јогуртот, се добар извор на протеини и ќе ве држат подолго време сити. Овесната каша изобилува со влакна, витамини Б-комплекс, магнезиум, железо и калиум.

Банана – богата е со калиум, кој е важен во превенција од срцеви болести, истовремено содржи и магнезиум и витамин Б6, два хранливи материи кои заеднички го подобруваат расположението и имаат антистресен ефект.

Ситно овошје – капините, малините јагодите и сличното овошје содржи голем процент на антиоксиданти, па го штитат срцето и крвните садови и го намалуваат ризикот од заболување од дијабетес тип 2.

Кафе – овој ароматичен напиток не само што ќе ве разбуди туку и е добар извор на антиоксиданти, се разбира доколку го пиете за време или после појадокот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fill out this field
Fill out this field
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.
You need to agree with the terms to proceed