Црниот дроб е еден од најважните органи, бидејќи тој ги преработува сите токсини кои се внесуваат во организмот. Тој е најголема жлезда во човековото тело. Се наоѓа зад ребрата, во горниот десен дел од абдоменот. Црниот дроб има бројни и многу важни животни функции, кои се битни за одржување на човековото здравје. Црниот дроб е важен и за детоксикација на организмот.
Тој исто така е важен и за регулирање на шеќерот и холестеролот во крвта, како и за синтеза на протеини кои циркулираат во крвта. Црниот дроб е орган одговорен за промена на мастите кои се внесени преку исхраната во тип на масти кои се таложат во телото и истите се користат од страна на телото како извор на енергија. Нарушувањето на овој нормален процес може да се јави при алкохолизам, малнутриција, бременост или труење. При замастен црн дроб, големи капки на масти, претежно триглицериди, се собираат во клетките на црниот дроб. Самата состојба обично не е болна и може да помине подолго време без да се дијагностицира. Но, кога станува збор за поголемо оштетување, тогаш црниот дроб може да се зголеми и до три пати и да биде болен. Стеатозата може да доведе до фиброза и цироза на црниот дроб. Стеатозата е честа болест и афектира околу 25 насто од популацијата.
Најчеста причина за замастен црн дроб е алкохолот. Алкохолот го менува начинот на кој црниот дроб ги обработува и ги складира мастите.Неалкохолна болест на замастен црн дроб (NAFLD) е асоцирана со шеќерна болест, дебелина, дислипидемија, употреба на стероиди, одреден тип на лекови или хемотерапија. Кај бременоста, исто така, може да се јави една ретка но сериозна форма на замастен црн дроб, која се јавува во задоцнета бременост, при метаболни заболувања, зрачење и друго. Симптомите кои се јавуваат, почесто кај алкохоличарите со замастен црн дроб, се гадење, повраќање, губење на апетит и абдоминална болка.
За замастениот црн дроб односно за враќање на неговата нормална функција и детоксификација на телото од големои значење е примената на Магерешки трн или како што е уште познат и под името Млечен трн. Екстрактот на магарешки трн е сува мешавина од семето на растението кое содржи стандардизиран процент на активни флавоноиди. За највредните состојки содржани во магарешкиот трн се смета флавоноидниот комплекс, познат накратко како силимарин. Постојат голем број на истражувања каде што научниците гледаат на силимаринот како на супстанција која е потенцијален антиоксидант во хепатоцитите (клетките на црниот дроб) и на тој начин да ги штити од оштетување. Ливер Протект е производ кој во својот состав содржи екстракт од Млечен трн. Ливер Протект е производ за нормална функција на црниот дроб.Придонесува за заштита, детоксификација и нормален липиден метаболизам
Дополнително го активира и варењето и прочистувањето на телото
Неговите активни состојки Во 1 капсула се:
Млечен трн екстракт 200 mg.
Силимарин 160 mg.
Холин битартрат 200 mg
Најново од нашиот блог
Производи
- URIFAR 1.200 ден
- Second Brain
- Коњски балзам со ефект на ладење - ЕКСТРА СИЛЕН 250 ден – 360 ден
- Kräuterhof Sensitive шампон 570 ден
- Double Effect Кофеински шампон 420 ден