Магаречкиот трн или уште познат на нашите простори како Млечен трн е двегодишно растение, кое првата година развива голем розево-пурпурен цвет од зашилени листови. Растението ‘рти на есен по првите дождови и во текот на првата година обликува цврст, месест вретенест корен кој оди до над 30 cm под земја како резерва за храна.

Цветовите излегуваат во лето. По облик цветовите се топчести, 3-5 cm во пречник, и се од темнорозови до виолетови по боја. Пупките најпрвин излегуваат на врвот на стеблото, а подоцна на врвовите на споредните гранки,Цветот има можност да формира од 8.400 до 40.000 зрна семе по растение.

Растението вирее во предели со суви лета, како во Македонија и на Медитеранот, и најдобро расте на песоклива, песокливо-глинеста и калцитна почва богата со амониумски соли. Расте и на суви пасишта и прекопувани полиња. Претпочита природни места, раскопани површини, крај патишта, полиња, и особено на плодни почви, ораници, во високи треви и покрај речните корита.

Магарешкиот трн се користел уште пред 2000 години во традиционалната кинеска медицина и се употребувал за третман на болести на црниот дроб, но за неговото лековито дејство знаеле и старите Грци.Тој содржи околу 65-80% силимарин (комплекс од флавонолигнани и флавоноиди) и 20-35% масни киселини и има хепатопротрктивни, антивоспалителни, антиканцерогени и имуностимулативни дејства.

Магарешки трн се пие при акутен и хроничен хепатитис, цироза на црниот дроб, оштетување на црниот дроб од токсични материи, вклучувајќи и лекови.

Го подобрува варењето, помага за одржување на нормална микрофлора во цревата и регулирање на перисталтиката, придонесува за одржување на оптималното ниво на холестеролот.

Во денешно време го има во најразлични форми но ние ви препорачуваме во форма на капсули Ливер Протект.

Ливер Протект е препарарат додаток во исхраната кој помага и придонесува за нормална функција на црниот дроб.

Состав(во 1 капсула)

Активни состојки                                                                                   Во 1 капсула

Млечен трн екстракт                                                                              200 mg.

Силимарин                                                                                               160 mg.

Холин битартрат                                                                                      200 mg.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fill out this field
Fill out this field
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.
You need to agree with the terms to proceed

Мени