
Кафето е напиток што секојдневно го консумираме најмногу за да се разбудиме и да останеме будни во текот на денот. Меѓутоа, кофеинот може да не спречи добро да се наспиеме и одмориме во текот на ноќта.
Бројни истражувања покажаа дека времето кое ни е потребно навечер да заспиеме, зависи од количината на кофеин која ја внесуваме во текот на денот. Кај постарите особи пак знае и трајно да го скрати сонот.
Доколку пиете кафе покасно во денот, оваа навика ќе ви го наруши сонот, бидејки на кофеинот му треба неколку саати за да ослабе неговото дејство. Поточно, во просек 5 часа кофеинот останува во нашиот организам, но и овој просек е индивидуален, па варира од 1 па до 9 часа.

Кофеинот всушност го блокира дејството на аденозинот, хемиско соединение во мозокот кое предизвикува умор и поспаност. Кофеинот истовремено го стимулира лачењето на адреналинот, кој ја зголемува енергијата во телото. При консумирање поголема количина на кофеин може да се појави нервоза, анксиозност, па дури и напад на паника.
Дневниот внес на кофеин од 1000 мг и повеќе, предизвикува нервоза и напнатост, додека кај некои луѓе поосетливи на кофеин, и мала количина на кофеин може да ги предизвика истите реакции.
Бидете внимателни и кога внесувате поголема доза на кофеин наеднаш. Истражувањата покажуваат дека количина од 300 мг кофеин, доколку го испиете во краток период, предизвикува забрзано дишење и стрес.
Најново од нашиот блог
Производи
-
Kräuterhof Argan Oil шампон
450 ден
-
URIFAR forte
1.300 ден
-
Коњски балзам
210 ден – 290 ден
-
Кандилакс
720 ден
-
Kräuterhof Sensitive шампон
570 ден
Производи









