Камилицата е најраспространета билка на нашето поднебје, најлековит дел се нејзините цветови. Чајот од камилица е меѓу омилените чаеви кои ги конзумираме секојдневно.
Постојат повеќе видови камилица , а најлековити се Римската и Германската камилица. Поради своите лековити својства камилицата била најпочитувана билка во древен Египет. Египетските благороднички ја користеле за правење најразлични препарати за убавина.
Камилицата делува:
- Против грчеви
- Антиинфламаторно
- Антиалергиски
- Антисептички
- Има благо седативно дејство, ја намалува анксиозноста, стресот и напнатоста, па затоа се препорачува да се пие чај од камилица пред спиење бидејќи го намалува немирот,влијае поволно за мирен сон, што е добро за луѓе кои имаат несоница.
- Го поттикнува варењето на храната
- Благ аналгетик
- Против менструални болки
- Ја негува проблематичната кожа
- Ги опушта мускулите
- Ја подобрува функцијата на црниот дроб итн
Исто така, во лековити цели се користи и маслото од камилица. Наједноставниот начин да направите масло од камилица е – да ги натопите цветовите во 2 dl маслиново масло и да оставите да стојат на сонце 3-5 недели. Внимавајте цветовите целосно да се прекриени со маслото и повремено промешајте. Со добиеното масло можете да ја негувате целата кожа. Камилицата се користи за намалување на иритација на кожата, осипи,отоци, потоа за реума, гихт, како и за нега на испукана и сува кожа. Маслото исто така е добро за нега на главата (скалпот) и против првут.
Krauterhof шампонот е направен токму од екстракт на камилица и пантенол , и е навистина погоден за секојдневна употреба, за сува и фарбана коса. Го смирува надразнетото власиште и кожата на главата.
Камилицата можете да ја користите во облик на чај, во чајни мешавини, како додаток во купките за опуштање, за изработка на масло, за изработка на ладни и топли облоги за смирување на вашето тело. Лесна е за примена и погодна за користење, а можете и да ја засадите во вашата градина.
Најново од нашиот блог
Производи
- BellaVie CHOLESTEROL 900 ден
- Carvaxyl 1.100 ден
- Антицелулит гел Fresh 610 ден
- Ecomer 1.000 ден
- Green tea Кофеински шампон 420 ден