
Една неодамнешна Финска студија укажува на позитивниот ефект на користењето сауна врз здравјето на срцето и артериите. Имено, финските научници сакале да утврдат како престојот во сауната од 30 минути (на температура од 73 ° C и влажност од 10% до 20%) влијае на човечкото тело. Истражувањето опфатило 102 лица, чии просечни години на живот биле 52 години.
За време на престојот во сауната, на испитаниците било забележано забрзување на срцевиот ритам и зголемување на телесната температура исто колку и за време на физичка активност со умерен интензитет.
По напуштањето на сауната, крвниот притисок бил намален (овој ефект траел 30 минути по престој во сауна) и била зголемена еластичноста на артериите.
Врз основа на сите овие резултати, финските научници заклучиле дека употребата на сауни има корисен ефект врз намалувањето на кардиоваскуларниот ризик.
Исто така претходни бројни истражување веќе ја нагласија врската помеѓу користењето на сауните и намалување на ризикот од коронарни и респираторни болести, како и хипертензија и деменција.
Најново од нашиот блог
Производи
-
Carvaxyl
1.300 ден
-
Кандилакс
720 ден
-
Шампон со масло од рузмарин
350 ден
-
Ecomer
1.000 ден
-
Антицелулит серум Fresh
550 ден
Производи









