Ненадејните промени на времето, можат да бидат виновни за многу здравствени проблеми. После снегот и многу ниските температури сите едвај чекаме да дојде Пролет. Меѓутоа, често се случува токму промените на температурата во овој прелазен период, да не приковаат за креветот.
Ненадејните скокови на температурата лошо влијаат на крвниот притисок, на срцето и циркулацијата, што на крајот доведуваат до најразлични тегоби како несоница, главоболка и умор, нервоза и раздразливост.
Еве неколку начини како овие симптоми предизвикани од временските промени да си ги олесните:
-Редовно пратете те ја временската прогноза и припремете го телото на надворешните промени на температурата
Исто како што секое утро ја проверуваме температурата за да одлучиме како да се облекуваме, треба да провериме дали има драстични разлики помеѓу утринските и дневните температури, за да можеме да го приспособиме нашето тело да се промени. Ако сте метеопат, но со првите симптоми на главоболка можете да земете пилула и да се ослободите од сите проблеми.
-Излезете во природа и активирајте се
Секаков вид на физичка активност во траење од половина час или повеќе ќе го направи телото по издржливо и отпорно на влијанието од временските промени. Уште подобро е ако оваа физичка активност се одвива во природата, на чист воздух. Вежбањето во природата ќе ви помогне да го намалите стресот а и главоболката.
-Конзумирајте разновидна исхрана, полна со витамини
Здравата исхрана богата со овошје и зеленчук е добар предуслов за намалување на влијанието на времето врз вашето тело. Покрај тоа, важно е и редовно да пиете доволно вода. Експертите советуваат дека е потребно да се вметне од 2 до 3 литри вода дневно.
– Заменете го кафето со билен чај
Билни чаеви ќе влијаат на вашиот нервен систем и ќе ве охрабрат да се опуштите, што директно влијае на чувствата како замор и раздразливост предизвикани од ненадејни промени во времето. Затоа, во овие денови, наместо првото утринско кафе, пијте чај од камилицата.
Најново од нашиот блог
Производи
-
The Daily Set 1.719 ден
-
Антицелулит гел Fresh 610 ден
-
Ecomer 1.000 ден
-
AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution 821 ден
-
Антицелулит гел 610 ден