
Доколку сакате да го спречите опаѓањето на косата и да имате здрава, негувана коса, постојат повеќе, докажано ефикасни, природни методи кои можат да помогнат.
Секако многу е важно да се внимава на исхраната, да се внимава на внесувањето на железо и цинк преку исхрана, бидејќи недостаток на овој минерал во организмот, доведува до опаѓање а недостаток на цинк ја ослабнува косата. Исто така консумирајте намирници богати со омега 3 масни киселини како и омега 6 која докажано го поттикнува растењето на косата а ја има во свинското и мисиркиното месо, во јајцата и рибата (најмногу во туната, лосос и харинга).
Некои од природните масла исто така го поттикнуваат растењето на косата. Едно од таквите масла е маслото од Гераниум, можете да додадете неколку капки од ова масло во вашиот омилен шампон или балсам. Кокосовото масло пак значително го намалува губењето на протеини од влакното, а може да нанесете малку од ова масло пред да ја измите косата. Ако имате сува коса тогаш може да нанесете неколку капки од ова масло на врвовите после миењето. Маслото од рузмарин исто така помага да се зголеми густината на косата. Капнете неколку капки од него во некое базно масло како што е бадемовото или маслото од јојоба, нанесете го на кожата на главата и оставете да делува преку ноќ а наутро секако измиј те ја косата.

Масажа на главата е уште еден ефикасен метод кој може да го применувате за да ви биде поздрава и погуста косата. Научниците сметаат дека со масажа на кожата на главата, се подобрува циркулацијата и така дирекно се делува на фоликулите на влакното.
Најново од нашиот блог
Производи
-
Шампон со масло од рузмарин
350 ден
-
Коњски балсам со ефект на загревање-Екстра силно дејство
260 ден – 360 ден
-
Double Effect Кофеински шампон
420 ден
-
Вазелин со невен
240 ден
-
Гел од Гавез
230 ден – 300 ден
Производи









