Доколку сакате да го спречите опаѓањето на косата и да имате здрава, негувана коса, постојат повеќе, докажано ефикасни, природни методи кои можат да помогнат.

Секако многу е важно да се внимава на исхраната, да се внимава на внесувањето на железо и цинк преку исхрана, бидејќи недостаток на овој минерал во организмот, доведува до опаѓање а недостаток на цинк ја ослабнува косата. Исто така консумирајте намирници богати со омега 3 масни киселини како и омега 6 која докажано го поттикнува растењето на косата а ја има во свинското и мисиркиното месо, во јајцата и рибата (најмногу во туната, лосос и харинга).

Некои од природните масла исто така го поттикнуваат растењето на косата. Едно од таквите масла е маслото од Гераниум, можете да додадете неколку капки од ова масло во вашиот омилен шампон или балсам. Кокосовото масло пак значително го намалува губењето на протеини од влакното, а може да нанесете малку од ова масло пред да ја измите косата. Ако имате сува коса тогаш може да нанесете неколку капки од ова масло на врвовите после миењето. Маслото од рузмарин исто така помага да се зголеми густината на косата. Капнете неколку капки од него во некое базно масло како што е бадемовото или маслото од јојоба, нанесете го на кожата на главата и оставете да делува преку ноќ а наутро секако измиј те ја косата.

Масажа на главата е уште еден ефикасен метод кој може да го применувате за да ви биде поздрава и погуста косата. Научниците  сметаат дека со масажа на кожата на главата, се подобрува циркулацијата и така дирекно се делува на фоликулите на влакното.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fill out this field
Fill out this field
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.
You need to agree with the terms to proceed