Започна периодот на слави, и овие моменти, покрај дружењето со семејството и пријателите, вклучуваат и уживање во добра храна и пијалок. Се прејадовте за време на ручекот или вечерата и сега што да се јаде и да се пие во наредните денови за да се намали “штетата”? Има одредени намирници што можат да помогнат да го доведете системот за варење на телото во ред, па севкупно да се чувствувате подобро и да си ја вратите енергијата.
Најважно е во наредните неколку дена да пиете многу вода за што побрзо да се исфрлат токсините од вашето тело. Покрај водата, одличен напиток е и зелениот чај кој го стимулира организмот и е богат со антиоксиданти. Чајот од нане или ѓумбир ги намалуваат болките и подуеноста во стомакот.
Доколку пак сте претерале со алкохолот, во тој случај најдобар појадок би бил омлет со зеленчук (спанаќ, домат). Протеините што ги содржат јајцата, ја стимулираат елиминацијата на токсините од црниот дроб и му обезбедуваат аминокиселини на организмот, кои телото ги изгубило од прекумерно внесување на алкохол. Избегнувајте храна која е богата со масти како што е сирењето, сланината кои дополнително би го оптеретиле дигестивниот систем. Бананите се исто така добар избор ако испиете некоја чаша повеќе, бидејќи ги враќаат во телото минералите како што се калиум и магнезиум. Калиумот исто така ги намалува штетните ефекти на премногу солената храна. Ако вашиот стомак е особено чувствителен на денот по прославата, ќе ве спаси овесна каша за појадок, која е добар извор на протеини и влакна.
Најново од нашиот блог
Производи
- Double Effect Кофеински шампон 420 ден
- Коњски балзам со ефект на ладење - ЕКСТРА СИЛЕН 250 ден – 360 ден
- URIFAR 1.200 ден
- BellaVie GLUCO 900 ден
- Ecomer 1.000 ден