
Ако одлучивте да го оставите пушењето во 2018 година, веќе сте на прав пат кон подобро здравје. Откажувањето од пушењето драстично го намалува ризикот од многу болести, вклучувајќи ја и хронично опструктивна пулмонална болест и рак на белите дробови.
Белите дробови почнуваат да се обновуваат веднаш штом престанете да пушите но нивното закрепнување всушност трае со години. Еден од важните фактори кои влијаат врз здравјето на белите дробови е возраста на човекот. После 35-тата година функциите на белите дробови ослабнуваат-дијафрагмата ослабнува, ослабнуваат и респираторните мускули, алвеолите го губат својот облик и т.н.
Неколку истражување покажуваат дека исхраната богата со овошје и зеленчук може да го намали ризикот од хронично опструктивна пулмонална болест кај сегашните и поранешните пушачи. Имено, секое дополнителено внесување во исхраната овошје и зеленчук во текот на денот го намалува ризикот од оваа болест од 4% до 8%.
Позитивни ефекти имааат доматите за здравјето на белите дробови и кај непушачите и кај пушачите. Авторите на една студија откриваат дека кај луѓето кои јадат најмалку 2 домати дневно, функцијата на белите дробови помалку опаѓа отколку кај луѓето кои јадат помалку од еден домат дневно. Тие исто така веруваат дека одредени состојки во свежиот домат ја поттикнуваат репарацијата на оштетувањето на белите дробови предизвикани од пушењето.
Најново од нашиот блог
Производи
-
Шампон од билки против перут
350 ден
-
Крем со невен
230 ден – 330 ден
-
Коњски балзам со ефект на ладење - ЕКСТРА СИЛЕН
250 ден – 360 ден
-
Kräuterhof Sensitive шампон
570 ден
-
Шампон со екстракт на лук за јакнење на косата
380 ден
Производи









