Дали заборавате нешто денес? Дали често ги заборавате родендените или ангажманите? Дали некогаш сте влегле во кујната и не можете да се сетите за што сте дојдени? Оваа заборавност нема никаква врска со години или полот, и не е предодредена од големината на мозокот или умот. Ова најчесто е под влијание на начинот на нашиот живот, со текот на времето се релаксиравме и “заборавивме” да го користиме мозокот. Ако го заборавите името на актерот од омилената серија или филм, полесно е да пребарате на интернет отколку да вложите труд да се сетите. Нели?

Сите сме родени со одредена количина на неврони, а со стареењето бројот на нервните клетки се намалува. Сепак, новото истражување сугерира дека допаминот (невротрансмитер во мозокот) може да го потисне формирањето на нови неврони во мозокот на возрасен човек. Значи, допаминот е поврзан со мозокот, што значи дека се уште има надеж дека може да се подобрат неговите функции.

Еве како да го подобриме здравјето и функциите на нашиот мозок!

-Вежбајте го мозокот

Решавање загатки и крстозбори и предизвик на мозокот за да ја задржи својата острина. Исто така, обидете се да ги извршувате секојдневните задачи со не-доминантната рака, измијте ги забите или исчешлајте ја косата со левата рака ако сте деснак и обратно.

-Физичка активност

Физичка активност е од исклучително значајна за здравјето на мозокот, но ако правите рутински вежби, мозокот повторно ќе стане “мрзлив”. Менувајте ги вежбите за подобрување на здравјето на телото и на мозокот.

-Јадете храна за мозокот

За здравјето на мозокот, потребно е да се консумираат органска и непреработена храна, полна со омега 3 масни киселини. Најчесто вклучуваат риби, ореви и семиња.

-Пробувајте нови работи

Научете нов јазик, вежбајте да свирите на нов инструмент или научете нова песна.

-Дружете се

Треба да се дружиме и да комуницираме со други луѓе што е можно почесто за да го стимулираме мозокот. Дружењето со луѓето ги избиструва мислите, го забавува стареењето и ги развива когнитивните способности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fill out this field
Fill out this field
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.
You need to agree with the terms to proceed