Колагенот во нашиот организам е едно од основните ткива, сврзното-ткиво, кое заедно со рскавичното и коскеното прави потпорно ткиво кое е широко распространето низ целото тело.
Постојат 28 видови колаген, опишани во литературата. Најзастапен е колаген I, кој ги сочинува основните влакна на сврзното ткиво. Покрај него, чести се и колаген II, III и IV. Колагените влакна се главната структурна компонента на екстрацелуларниот матрикс, за која се врзуваат другите структури (еластин, протеогликeни, адхезивни протеини на екстрацелуларниот матрикс), но влакна има и во некои клетки. Тој е многу важен за рскавицата, лигаментите, тетивите, коските, забите, а овозможува затегнатост на кожата и крвните садови.
По дваесет и петата година од животот, телото во просек губи 1,5% колаген на годишно ниво.
Човечкиот организам има способност за постојана синтеза на колагенот, кој е потребен за раст и замена на истрошеното ткиво и за заздравување и обнова на повредените ткива. Сепак со времето постепено се намалува капацитетот на неговата обнова поради процесот на стареење, постојано преоптоварување (врвен спорт, физичка активност) или автоимуни болести. Во младоста губењето на колагенот брзо се надоместува, но со текот на годините недостатокот станува се поизразен па се смета дека по 25 години, телото во просек губи 1,5% колаген на годишно ниво. Губењето на колагенот негативно влијае врз изгледот и функцијата на целото тело и доведува до различни дегенеративни промени. Недостаток на колаген меѓу другото предизвикува мускулно-скелетни нарушувања (артритис, вкочанетост, мускулни повреди), нарушување на функцијата на имунолошкиот систем и појава на телесни промени поврзани со стареењето, како што се брчките, целулит, сува кожа, кожа и коса без сјај и нарушен облик на телото.
Како да го надоместиме губењето на колагенот
Начинот на живот, правилната исхрана и континуирана физичка активност до некаде може да го ублажи и забави губењето на колагенот и можните последици. Но брзото темпо на живот не ни дозволува да внимаваме на здравата исхрана а се помалку време имаме за вежбање. За среќа ги имаме додатоците во исхраната со колаген кои го забавуваат физиолошкото губење на колагенот. Тие се понудени во форма на прав, таблети, капсули или течни препарати кои според производителот ги олеснуваат тешкотиите кај артритисот, помагаат при губење на тежината, изградба на мускулите и подмладување на кожата. Козметичките препарати со колаген се користат за да се намалат брчките и за делумно подмладување на кожата.
Најново од нашиот блог
Производи
- Крема за Вени 350 ден
- Ecomer 1.000 ден
- Коњски балзам 210 ден – 290 ден
- Антицелулит гел 610 ден
- Шампон од коприва за нормална коса 350 ден