Грипот е заразен вирус, лесно може да префатите грип ако има некој болен во ваша близина. Но како да ги намалиме шансите тоа да се случи на работното место или на места каде што има повеќе луѓе?
Најнапред е важна хигиената на рацете – почесто да ги мијат рацете и да избегнувате да ги допирате очите, устата и носот. За време на епидемијата од грип избегнувајте да користите телефони или компјутери со кои работат повеќе луѓе а доколку е тоа неопходно, тогаш почесто миј те ги рацете со сапун или користете антибактериски гел. Паметните телефони исто така можат да бидат легло на микроби и можат да бидат прав извор на зараза. Многу често имаме обичај да го дадеме телефонот на друг да види слика или видео или едноставно да ни го даде својот телефон да видиме нешто интересно. Се проценува дека 30% од бактериите и вирусите во таква прилика се пренесуваат на рацете, а потоа, сосем несвесно, со прстите ги допираме устата, носот или очите.
Во текот на денот почесто проветрувај те ја канцеларијата, на по 5 до 10 мин. Во деновите кога и загаденоста на воздухот надвор е висока тогаш најдобро е да ја освежите просторијата со спреј со етерично масло кое е антибактериско (на пример масло од чајно дрво, рузмарин, еукалиптус, лимон, цимет).
Избегнувајте контакт со лица се веќе разболени од грип или кои се жалат на симптоми слични на првите знаци на грипот. Во периодот кога владее грипот препорачливо е да при контакт со други лица да се задржи растојание од 2 метри.
Она што можете да направите за себе е да во текот на зимскиот период консумирате додатоци на исхрана богати со витамин Ц како и прополис и масло од диво оригано, бидејќи овие состојки добро влијаат на имунитетот. Во исхраната често користете зачини со докажано антибактериско дејство како што се лукот, куркумата, цимет, анасон и каранфилче. Ние исто така ви го препорачуваме маслото од диво оригано во капсула-Carvaxyl. Погоден е за целото семејство.
Carvaxyl се покажа како многу ефикасен
-Кај инфекции на усна шуплина
лош здив и запаление на непца
орална кандијаза
-Кај инфекции на дишни патишта и компликации
Настинки, грип, воспаление на грло
бронхитис и астма
Најново од нашиот блог
Производи
- Коњски балсам со ефект на загревање-Екстра силно дејство 260 ден – 360 ден
- BellaVie CHOLESTEROL 900 ден
- Kräuterhof универзална крема со пантенол 320 ден
- Green tea Кофеински шампон 420 ден
- Шампон од билки против перут 350 ден