
Индиски научници во една неодамнешна студија го разгледуваа начинот на исхрана, односно која храна помага во ублажување на симптомите на ревматичен артритис и го забавува напредувањето на оваа болест. Тие особено ја истакнуваат важноста на исхраната кај пациенти кои не реагираат добро на лекови.
Станува збор за овошје како суви сливи, грозје, боровинки, ореви, грејпфрут, банани, манго, јаболка и праски. Меѓу житните култури се овесот, ‘ржот, просото, пченката, интегралниот ориз. Авторите на студијата, исто така, ја нагласуваат важноста на зачините, како што се куркумата и ѓумбирот, а од намирници кои исто така помагаат при симптомите на ревматичен артритис, се маслиново масло, рибино масло, зелен чај, јогурт (и пробиотиците воопшто). Овие намирници ја подобруваат способноста на телото да ги елиминира токсините, а во исто време да го намалат нивото на цитокини, супстанции кои се лачат од клетките на имунолошкиот систем кои можат да предизвикаат воспаление кај луѓе со ревматичен артритис.
Најново од нашиот блог
Производи
-
Carvaxyl
1.450 ден
-
Коњски балсам со ефект на загревање-Екстра силно дејство
260 ден – 360 ден
-
Кандилакс
720 ден
-
Крем со невен
230 ден – 330 ден
-
Антицелулит гел Fresh
610 ден
Производи









