Доколку ве мачи проблемот со покачениот холестерол или едноставно сакате да спречите воопшто да не ви се појави ваков проблем, треба во секојдневната исхрана да внесете намирници кои помагаат да се регулира холестеролот.
Маслиново масло – богато е со мононезаситени масни киселини кои го регулираат нивото на ХДЛ (“добриот”) и ЛДЛ (“лошиот”) холестеролот.
Авокадо – исто како и маслиновото масло, претставува одличен извор на на мононезаситени масни киселини, додека истовремено содржи и бета ситостерол, фитостерол кој ја намалува апсорпцијата на холестеролот од храната. Бета-ситостеролот пак се користи за намалување на нивото на холестерол во крвта како превенција од срцеви заболувања.
Куркума – овој зачин содржи куркумин кој го намалува ХДЛ холестеролот како и триглицеридите во крвта а го зголемува нивото на ЛДЛ холестеролот. Но за подобро да се апсорбира куркуминот треба да се користи во комбинација со бибер и маслиново масло.
Лук – лукот го намалува холестеролот, ги намалува шансите да настане згрутчување на крвта, го намалува крвниот притисок, а истовремено штити од инфекции.
Риба – сардината, скушата, лососот и харингата се богати со омега-3 масните киселини, го зголемуваат нивото на ХДЛ холестеролот, и помагаат во превенција од срцеви заболувања и деменција.
Овес – (овесни снегулки и производи од овесно брашно) – содржат бета-глукани кои го апсорбираат ЛДЛ холестеролот а потоа на природен начин го исфрлаат од организмот.
Грав – богат е со влакна, благодарение на влакната ја намалува апсорпцијата на холестеролот од некои намирници и го намалува целокупното ниво на холестерол во организмот.
Ореви – го регулираат целокупниот и ЛДЛ холестеролот. Едно истражување покажа дека внесувањето на 40 г. Ореви 6 пати во неделата, придонесува за намалување на вкупниот холестерол за 5,4% а ЛДЛ холестеролот за 9,3%.
Црно чоколадо – го зголемува нивото на ХДЛ холестеролот.
Црн чај – содржи изобилство од антиоксиданти кои се важна состојќа во превенција од карцином и го држи нивото на ЛДЛ холестеролот под контрола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fill out this field
Fill out this field
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.
You need to agree with the terms to proceed