Под целулит се подразбираат промените на сврзното и поткожното масно ткиво. Видлив е со голо око или со стискање на дел од кожата. Целулитот е составен од масти, токсини и вода.
Појавата на целулит може да биде генетски условена, но на настанувањето на целулит влијаат и многу фактори :
• Специфични физиолошки процеси поврзани со пубертетот,
• Бременост и климактериум,
• Хормонски пореметувања,
• Згоеност,
• Неправилна исхрана,
• Пореметена функција на органите за варење на храната,
• Недостаток на физички активности,
• Пушење, алкохол и др.
Во почетната фаза целулитот не се приметува на прв поглед, туку само ако кожата се притисне меѓу прстите. Во следната фаза масните клетки формираат јасно видливи перничиња, а кожата станува помлитава. Во третата фаза кожата е потенка и понееластична и добива изглед на кората од портокал. Во поткожното ткиво има се повеќе јазли, кои во завршната фаза стануваат потврди и болни на допир. Кожата потполно ги губи еластичноста и здравата боја.

За појава на целулит одговорно е поткожното масно ткиво кое жените го имаат 30% повеќе од мажите. На местата типични за појава на целулитот (стомакот, бутовите, долниот дел на грбот и др. ) се наоѓаат посебни видови на масни клетки, кои имаат улога да ги таложат мастите кои со никаква диета не се отстрануваат. Сврзното ткиво кај жените е послабо отколку кај мажите и жените го имаат 20-30% помалкуотколку мажите. Откриено е дека жените кај кои се јавува целулит имаат послабо развиено сврзно ткиво отколку жените кај кои не се јавува. Кај мажите не се јавува целулит, што се препишува на заштитната улога на машкиот полов хормон тестостерон. Естрогенот (женскиот полов хормон) е одговорен за насобирањето на масно ткиво на типичните места за целулит и за задржувањето на течноста. Зголеменото и почесто внесување на естрогени при контрацепција или преку храна е причина што целулитот се јавува во помлада возраст.

Krauterhof антицелулит препаратите се ваш сојузник во борба против целулитот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fill out this field
Fill out this field
Ве молам, внесете валидна адреса за е-пошта.
You need to agree with the terms to proceed