
Добрите ефекти што ги има зелениот чај врз нашиот организам условени се од низа активни супстанци кои се наоѓаат во него. Кофеинот е една од нив а тој влијае пред се на нивото на будност, што е последица од будењето на активноста на мозокот. Антиоксидантното дејство на зелениот чај се должи на присуството на витамините Ц и А но и на супстанциите како што се катехини и полифеноли.
Корисен ефект зелениот чај има и врз имунолошкиот систем па поради оваа причина, нациите кои традиционално редовно пијат зелен чај, се помалку склони кон малигни заболувања.
Зелениот чај исто така го зголемува нивото на добриот холестерол (HDL) па како резултат на тоа се забрзува метаболизмот и ја намалува телесната маса, што придонесува помало оптоварување на кардиоваскуларниот систем и подобрена физичка кондиција. Со намалување на мастите и холестеролот се намалува ризикот од настанување на атеросклероза и подобрување на системот за циркулација, што пак дирекно го намалува ризикот од кардиоваскуларни и цереброваскуларни болести.
Препорачливо е во текот на денот да испиете барем една шоља зелен чај. Она што е најважно да го знаете е да не го подготвувате со зовриена вода, туку барем еден степен помалку од вриење, со цел да се зачуваат корисните супстанции во него.
Најново од нашиот блог
Производи
-
Kräuterhof универзална крема со пантенол 320 ден
-
Carvaxyl 1.300 ден
-
Double Effect Кофеински шампон 420 ден
-
Крем со невен 230 ден – 330 ден
-
Крема за Вени 350 ден
Производи








