
Етеричните масла можат многу да помогнат за ублажување на стресот, напнатоста и главоболката. Кога е главоболка во прашање, различни масла можат да помогнат кај различни типови главоболка.
Во случај кога имате главоболка од напнатост може да помогне маслото од нане – во две супени лажици базно масло (на пр. Бадемово, масло од јојоба, маслиново или кокосово) се додава 3 капки масло од нане и со оваа мешавина масирајте ги вратот и рамената.
Кај главоболка предизвикана од стрес може да помогне инхалација со мирисот на маслото од лаванда или цитрус – на марамче капнете 1-2 капки од било кое од овие масла и полека вдишете од прекрасната арома. Исто така може да додадете 1-2 капки во некое базно масло, протријте ја меѓу дланките оваа мешавина и потоа вдишувајте полека од релаксирачкиот мирис на есенцијалното масло.
Вдишувањето на мирисот на нане или лаванда(дирекно од шишенцето на етеричното масло) во текот на 15 минути може да ја ублажат мигрената. Би било добро, доколку имате често главоболки, да имате секогаш со себе едно шишенце од овие две етерични масла и веднаш штом почувствувате главоболка, вдишете од мирисот на лавандата или нането.
Најново од нашиот блог
Производи
-
Шампон од коприва за нормална коса 350 ден
-
Кандилакс 720 ден
-
Коњски балсам со ефект на загревање-Екстра силно дејство 260 ден – 360 ден
-
Шампон со екстракт на лук за јакнење на косата 380 ден
-
Антицелулит серум Fresh 550 ден
Производи








