
Експертите често не опоменуваат дека не треба да се јаде после 19 часот бидејќи тоа му штети на нашето здравје. Доколку мора да јадете после ова време, во тој случај барем избегнувајте ги следниве намирници:
- Пржена храна
Мрсната и тешка храна е полна со калории и маснотии но и тешко се вари, поради тоа наутро ќе се чувствувате уморни и ненаспани. Ако сте гладни тогаш наместо калорична и мрсна храна, направете си мал сендвич со леб направен без квасец и мисиркино месо.
- Црвено месо
Како и мрсната храна така и црвеното месо тешко се вари, па поради тоа може да имате проблем да заспиете. Црвеното месо е најлошиот избор на храна за после 19 часот, но и голема чинија пилешко месо би имало ист ефект. Подобро одберете полесен протеин како чаша јогурт на пример.
- Зачинета храна
Уживајте во лутата и зачинета храна до 19 часот но подоцна не бидејки ќе ве остави без добар сон. Освен тоа (пре)зачинетата храна предизвикува надуеност и дигестивни нарушувања.
- Тесто
Сите облици на тесто содржат многу јаглехидрати а нив треба да ги консумирате ако планирате да вежбате, но не и пред спиење.
- Шеќер и кофеин
Шеќерот и кофеинот предизвикуваат несоница и немирен сон. На пример чоколадото ги содржи и двете а тоа не не заситува, па ако посакате чоколадо, тоа не мора да значи дека сте гладни, туку дека едноставно имате потреба за нешто благо. Во тој случај подобро напијте се топол чај или топло чоколадно млеко со помал процент на масленост.
Најново од нашиот блог
Производи
-
Коњски балзам
210 ден – 290 ден
-
Kräuterhof Phyto Complex шампон
450 ден
-
Коњски балсам со ефект на загревање-Екстра силно дејство
260 ден – 360 ден
-
Kräuterhof глукозамин гел
500 ден – 750 ден
-
Ecomer
1.150 ден
Производи









