Начин на регистрација на herbalplus.mk

Креирање на налог и регистрација

На нашиот сајт можете да се регистрирате со што се овозможува брзо и ефикасно пополнување на неопходниот формулар кој е неопходен за нарачување на производите од herbalplus.mk

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. За да се регистрирате потребно е на Checkout Page да ги внесете Вашите податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и на вашиот емаил ќе ви пристигне линк кој е потребно да го кликнете со што вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секоја нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил.

Податоците кои ги содржи формуларот се Вашето име и презиме, како и Вашата адреса, e-mail и телефонски број. Истите се чуваат безбедно во нашата база на податоци и се користат исклучиво за реализирање на нарачките. Доколку сакате истите за бидат избришани од нашата база на податоци, можете тоа да го побарате на нашиот email: dz@herbalplus.mk. Ние се обврзуваме да ги избришеме Вашите податоци на Ваше барање во рок од 3 работни дена. Имајте во предвид дека во тој случај при повторно регистрирање на herbalplus.mk, ќе морате повторно да внесувате детали за новите нарачки.

Безбедно плаќање со картичка

Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.

Нарачување на производи од кошничката

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа кошничката да кликнете на копчето за “ПРОДОЛЖИ КОН ПЛАЌАЊЕ” за да го извршите плаќањето. Од вас ќе биде побарано да се регистрирате или логирате на својот профил. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е да одберете адреса на испорака и начин на плаќање. Потоа ќе ви се отвори страницата за завршување на купувањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно можете да се со клик на полето “ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ”. Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за кошничка.

Плаќање

Плаќањето може да се изврши со VISA EC/MC или Maestro картичка.

Во горниот сегмент можете да ги проверите деталите на Вашата нарачка, како и износот на вкупната сума.

Во долниот сегмент потребно е да ги впишете деталите од Вашата платежна картичка.

Напомена: Нашата веб страница при плаќањето нема пристап кон бројот и кодот на Вашата платежна картичка.