ДЕРМОСЕНС рН 5,5 спреј

За смирување на иритирана кожа

ДЕРМОСЕНС рН 5,5 спрејот има ефект на смирување и влажење на кожата на особи од различна старосна возраст.
Благодарејќи на синергистичко дејство на растворените состојки помага во смирување на иритирана кожа.
Се препорачува за нега и третман на осетлива и иритирана кожа со појава на чешање.

ДЕРМОСЕНС рН 5,5 спрејот е раствор од мешавина на супстанции со смирувачки ефект врз кожата – есенцијално масло од лаванда, пантенол, екстракт од лисја од алое, алантоин и неетиленско ладење. И покрај тоа што не содржи ментол, спрејот ДЕРМОСЕНС pH 5,5 има ефект на ладење на кожата, што го зајакнува ефектот за смирување. Бидејќи не содржи ментол, спрејот ДЕРМОСЕНС pH 5,5 може безбедно да се користи кај деца до 3 години.
PH вредноста на спрејот DERMOSENS е поставена на 5,5, што одговара на физиолошката pH вредност на кожата.

Синергетски ефект на состојки:

  • Етерично масло на лаванда-има антибактериско,антифунгално и репелентно дејство. Го изразува своето дејство и кај смирување 
    на алергиски манифестации на кожа. 
  • Пантенол-провитамин В5,ја подобрува хидратацијата на кожата,ублажува чешање,намалува воспаление и оштетување на кожа и 
    забрзува зараснување  на рани и изгореници. 
  • Екстракт лист алое-делува анти-инфламаторно,односно смирува воспаление на кожа и ја зголемува синтезата на колаген во 
    ткивата што доведува до побрзо зараснување на оштетената кожа. 
  • Алантоин- стимулира регенерациja на ткива и забрзува зараснување на рани.

Области на примена:

  • Инсектицидно и акарицидно дејство, превентивна примена како заштита од комарец и други каснувања од инсекти, како и крлежи
  • Смирување на иритирана кожа на место на каснување на инсект,потоа по контакт на кожата со коприва,отров на медуза и сл.
  • Ублажување на црвенило и чешање кај сипаници,вирус на херпес,егзем,дерматитис,псоријаза. 
  • Смирување на црвенило и болка на површина на кожа,зафатена со акни.
  • Tретман на кожа после бричење и депилација 
  • Иритација и црвенило на кожа по сончање 
  • Смирување на на иритации на кожа во бременост
  • Старечки пруритус

Начин на употреба: Да се напрска спрејот 3-4 пати дневно на иритираната површина на кожата. Ако има потреба да се нанесува на лице и подрачјето близу до очите, се препорачува нанесување на парче вата, претходно натопена со растворот ДЕРМОСЕНС спреј.

Состав: Aqua, Panthenol, PEG-40 hydrogenated castor Oil, Cocamidopropyl Betaine, Glycerin, Alcohol denat., PEG-7 Glyceryl Cocoate, Fragrance, DMDM Hydantoin, Allantoin, Aloe Barbadensis (Aloe) Leaf Juice, Lavandula Angustifolia (Lavander) Oil.

Категорија

Медицинска козметика

Произведува

Celtis Pharm,R Srbija

Нарачај

Шампон за бебиња – Babymed pH 5,5
Kräuterhof sport gel HOT
Мени